Услови за потрошувачите за користење
на веб-сајтовите на Procter & Gamble

Ве молиме кликнете овде или на содржината подолу за целосните услови за користење

Последно ажурирање: Февруари, 2016

СОДРЖИНА

Мрежата од Веб-сајтови (колективно „Веб-сајтови", „Сајтови" или „Сајт") управувана од The Procter & Gamble Company или нејзините филијали, подружници, назначени лица, наследници, марки, даватели на лиценца, иматели на лиценца, и/или застапници („P&G," „Procter & Gamble" или „ние") се состои од различни веб-сајтови и веб-страници. Одредбите, условите и известувањата содржани овде (колективно, „услови") важат за сите веб-сајтови на P&G. Покрај тоа, конкретни веб-сајтови на P&G или опции и активности кои се нудат на таквите сајтови (како што се промоции и простории за разговор) исто така, може да подлежат на дополнителни услови наведени на таквите сајтови („Дополнителни услови"), од кои сите се вклучени овде по пат на упатување. Ако кој било од условите кои се содржани овде е во спротивност со Дополнителните услови претставени на кој било веб-сајт на P&G, тогаш преовладуваат Дополнителните услови.

Условите претставени на кој било конкретен веб-сајт на P&G, тогаш преовладуваат дополнителните услови.

ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ УСЛОВИ ПРЕД ДА ГО КОРИСТИТЕ ОВОЈ ВЕБ-САЈТ ИЛИ ДРУГИТЕ ВЕБ-САЈТОВИ НА P&G. Веб-сајтовите на P&G ви се нудат вам („Корисникот") под услов да ги прифатите без измени и условите и важечката изјава за приватност. Со пристапување или користење на овој сајт или кој било друг сајт, се согласувате со овие услови и со важечката изјава за приватност. Доколку не се согласувате со овие услови, не го користете овој сајт или кој било друг сајт.

ВЕ МОЛИМЕ ИМАЈТЕ ПРЕДВИД ДЕКА СО ОВИЕ УСЛОВИ СЕ БАРА ОД ВАС ДА ГИ ПОДНЕСУВАТЕ СПОРОВИТЕ НА АРБИТРАЖА И СЕ БАРА СПОРОВИТЕ ДА СЕ РЕШАВААТ САМО ВО ФОРУМ ВО ОКРУГОТ ХАМИЛТОН, ОХАЈО. Ве молиме разгледајте го делот Важечки закони и спорови од овие услови за да добиете повеќе детали.

Назад на врвот.

Приватност

Користењето на веб-сајтовите на P&G исто така, подлежи на изјавата за приватност на потрошувачите на P&G („Изјава за приватност"). Доколку сајтот има дополнителни, посебни одредби за приватност („Дополнителни одредби за приватност"), тогаш користењето на тој сајт подлежи на тие дополнителни одредби за приватност. И Изјавата за приватност на потрошувачите на P&G и дополнителните одредби за приватност претставуваат „Изјава за приватност".

Ние користиме колачиња и други технологии за собирање информации кога ги посетувате нашите сајтови, вклучувајќи ја вашата ИП-адреса, веб-страниците кои ги гледате и линковите на кои кликнувате. Исто така, користиме дигитални колачиња во електронските пораки кои ви ги испраќаме за да нè известат дека сте ги добиле. Можете да ги избришете и да ги одбиете колачињата во вашиот веб-прегледувач. Може да ги користиме овие информации, заедно со информациите кои ни ги обезбедувате во текот на процесот на регистрирање на сајтот или на друг начин, за да ви испраќаме информации кои може да ви бидат од интерес во согласност со нашата изјава за приватност. Кликнете овде за да добиете повеќе информации околу колачињата.

Назад на врвот.

Лична употреба на сајтовите

Сајтот е само за ваша лична и некомерцијална употреба, освен ако не е поинаку наведено. Не смеете да менувате, копирате, дистрибуирате, пренесувате, прикажувате, изведувате, репродуцирате, објавувате, лиценцирате, да создавате изведени дела, да префрлате, или да продавате што било од содржината или комуникациите истакнати или прикажани на сајтот („Содржина"), вклучувајќи, без ограничување, текст, прикази, фотографии, слики, подвижни слики, звук, илустрации, информации, софтвер, производи или услуги и нивни аранжмани, освен како што е изречно дозволено овде. Признавате дека секоја неовластена употреба на која било содржина би можела да ни предизвика непоправлива штета и се согласувате дека во случај на таква неовластена употреба, ќе имаме право на забрана, покрај кои било други правни лекови кои се достапни во законот или како што е правично. Предмет на кои било изречно наведени рестрикции или ограничувања на сајтот поврзани со конкретен материјал, можете електронски да копирате и/или испечатите делови од содржината исклучиво за сопствена некомерцијална употреба или за да доставите нарачка до нас. Строго е забранета секаква друга употреба на содржината, вклучувајќи менување, репродуцирање, дистрибуирање, повторно објавување, прикажување или пренесување на која било Содржина, без наша претходна писмена дозвола.

Се согласувате да не собирате и/или користите какви било описи на производ, слики, листи или цени, освен за своја лична некомерцијална употреба или за да доставите нарачка до нас.

Се согласувате дека нема да репродуцирате, удвојувате, копирате, продавате, препродавате или користите за кои било комерцијални цели, каков било дел од сајтот или да го користите или пристапувате до сајтот, вклучувајќи, без ограничување какво било „извлекување" или користење каков било робот, пајак или други автоматски средства. Забрането е работење или прикажување на овој сајт или на кои било информации или материјали прикажани на овој сајт во рамки, преку „инлајн" поврзување или преку слични средства на друг веб-сајт без наша претходна писмена дозвола. Сите дозволени линкови до овој веб-сајт мора да бидат во согласност со важечките закони, правила и прописи. Не смеете да користите никакви мета-тагови или друг „скриен текст" кој го користи нашето име или која било од нашите трговски марки, или трговски марки на кој било производител на производи претставени на овој сајт, без изречна писмена дозвола. Покрај тоа, се согласувате дека нема: (а) да преземете никаква активност која, според наша проценка, предизвикува или може да предизвика неразумно или непропорционално големо оптоварување на нашата инфраструктура; (б) да се мешате или да се обидете да се мешате во соодветното функционирање на сајтот или на кои било активности кои се спроведуваат на сајтот; или (в) да ги заобиколувате мерките кои може да ги употребиме за да го спречиме или ограничиме пристапот до сајтот.

Назад на врвот.

Поднесоци од корисниците

Со овие услови се регулира вашето однесување, вашите права и правата на P&G во врска со кој било текст, фотографија, видео, пост, комуникација, музика, аудио/звучна снимка, илустрации, рејтинзи, критики или други материјали или информации кои ги создавате, поврзани со веб-сајтовите на P&G („поднесок"). Кога ќе поднесете поднесок, се согласувате на следново:

  • вашиот поднесок е оригинален, точен, создаден од вас и не е имитација;
  • моментално сте bona fide корисник на производот(ите) на P&G спомнати во вашиот поднесок и вашиот поднесок го отсликува вашето вистинско мислење и сегашното искуство со производот(ите) на P&G;
  • сте полнолетни, или, доколку сте малолетни, вашиот родител или старател дава согласност за вашиот поднесок;
  • не сте вработен на P&G ниту пак работите за филијала или агенција на P&G ангажирани од P&G за промовирање и/или продавање на производите на P&G; ИЛИ, ако сте вработен на P&G или работите за филијала или агенција на P&G ангажирани од P&G за промовирање и/или продавање на производите на P&G, се согласувате да вклучите јасен и видлив приказ на вашата врска со P&G во вашиот поднесок;
  • вашиот поднесок (или кој било дел од него) не е вклучен ниту планиран за употреба во кои било други рекламни или промотивни материјали, за P&G или за која било трета страна;
  • вашиот поднесок се врши без да ви е извршено какво било претходно плаќање или дадено ветување за плаќање или без ваше очекување за какво било плаќање за возврат на вашиот предложен поднесок. Вашиот поднесок исто така, се прави без да ви е дадена каква било бенефиција или очекување за каква било идна бенефиција, освен можноста вашиот поднесок да се користи за промотивни цели на P&G. Или, доколку сте примиле каква било бенефиција, јасно ги откривате деталите на бенефицијата во вашиот поднесок;
  • вашиот поднесок не е лажен, заведувачки, навредлив, лаички, вулгарен, развратен, понижувачки, потценувачки, клеветнички, лажлив, или на друг начин несоодветен;
  • вашиот поднесок не вклучува содржина со која се повредува авторското право, патентот, трговската марка, трговската тајна, правото на публицитет, правото на приватност, моралните права, и/или кое било друго важечко лично или сопственичко право на која било трета страна;
  • вашиот поднесок не вклучува содржина која го прекршува кој било закон, статут, уредба или пропис или содржина која вклучува, поттикнува, се залага или дава инструкции за однесување кое би претставувало кривичен или граѓански прекршок според кој било закон, статут, уредба или пропис;
  • вашиот поднесок не содржи материјал или содржина која е или може разумно да се смета дека е говор на омраза, без оглед дали е насочен кон поединец или кон група, или која е на друг начин незаконски заканувачка или незаконски вознемирувачка за кој било поединец, партнерство, корпорација или политичко тело;
  • вашиот поднесок не вклучува содржина или материјали наменети за одвлекување на внимание или за заведување други лица, како на пример објавување повеќе поднесоци во обид да се монополизира форумот или објавување поднесок што не е поврзан со назначената тема или содржина на форумот;
  • вашиот поднесок не вклучува содржина која вклучува веб-сајтови, адреси, електронски адреси, информации за контакт, телефонски броеви, други информации или мислења на трети страни за идентификуван поединец или поединец кој разумно може да се идентификува или приватни информации (вклучувајќи чувствителни информации) без добивање претходна согласност од тој поединец за споделување на таквите информации со P&G;
  • вашиот поднесок не содржи програма или материјали кои содржат тројански коњи, вируси, „црви", штетен код или други потенцијално опасни информации, програми или датотека; и
  • со користењето на вашиот поднесок од P&G не се прекршуваат овие услови и тоа нема да предизвика повреда на кое било лице или субјект.

Доколку поднесокот е поврзан на кој било начин со промоција, лотарии, натпревари, награди или слична програма, може да важат дополнителните услови. Сите мислења, совети, изјави, услуги, понуди или други информации содржани во поднесоците кои се изразени или достапни на сајтовите припаѓаат на соодветниот автор(и) или дистрибутер(и), а не на P&G. Ние ниту ја потврдуваме ниту ја гарантираме точноста, целосноста или корисноста на кој било таков поднесок.

P&G не ги ревидира и не може да ги ревидира сите поднесоци кои се објавени или создадени од корисниците кои пристапуваат на сајтот и на ниту еден начин не е одговорен за содржината на овие поднесоци. Признавате дека, со тоа што ви дава можност да ја видите и дистрибуирате содржината генерирана од корисниците на сајтот, P&G настапува само како пасивно средство за тоа дистрибуирање и не презема никаква обврска во врска со кои било поднесоци или активности на сајтот. P&G нема да има никаква обврска за постирање или користење на ниту еден поднесок(ци). P&G го задржува правото за блокирање или отстранување на поднесоци и/или корисници за кои ќе утврди дека се (a) навредливи, клеветнички, или непристојни, (б) лажливи, измамнички, или заведувачки, (в) во спротивност со авторските права, трговската марка; други права од интелектуална сопственост или (г) во спротивност со кој било закон или прописи или (д) навредливи или на друг начин неприфатливи за P&G по негова сопствена проценка. Имајте предвид дека сите информации кои може да идентификуваат лице кои може да ги објавите или пренесете, Procter & Gamble ќе ги третираат во согласност со Изјавата за приватност на Procter & Gamble.

Освен за кои било информации кои може да идентификуваат лице кои може да ги собереме од вас во согласност со насоките утврдени во нашата Изјава за приватност, секој поднесок ќе се смета за недоверлив и несопственички. P&G нема да има обврски во врска со поднесоците.

Со поднесување поднесок, на P&G му го гарантирате секое од следниве:

  • неексклузивно, светско, постојано, неотповикливо, целосно исплатено, без надомест за авторски права, целосно слободно за подлиценцирање и преносливо право и лиценца за користење, следење, прегледување, репродуцирање, модифицирање, адаптирање, објавување, преведување, создавање изведени дела, дистрибуирање, пренесување, изложување, и изведување на тој поднесок(ци), целосно или делумно, во кој било медиум, формат или технологија, онлајн или офјалн, без оглед дали е сега познат или понатаму ќе се открие, и на кој било начин кој вклучува, но не е ограничен на секое промотивно, јавно гледање или коментирање (без оглед дали на веб-страниците на P&G или на веб-страниците на трета страна), рекламирање, маркетинг, промоција, публицитет, и комерцијални употреби и дополнителни употреби, без да е потребно какво и да е понатамошно известување или плаќање или дозвола од вас (освен каде што е забрането со закон);
  • неограничено, светско, постојано, неотповикливо, целосно исплатено, без надомест за авторски права, целосно слободно за подлиценцирање и преносливо право за користење на вашето име, прекар, корисничко име, библиографска информација, гласовни снимки од вас и/или кои било илустрации, фотографски или видеографски клипови, потрети, сличности или и слики од вас или кои било други знаци на вашето право на права од публицитет (колективно „ваша лична содржина") како што се содржани во вашиот поднесок(ци), во комбинирана или искривена форма или како што се на друг начин инкорпорирани во други креативни авторски дела, во кој било медиум, формат или технологија, онлајн или офлајн, без оглед дали е сега познат или понатаму ќе се открие, и на кој било начин кој вклучува, но не е ограничен на секое промотивно, јавно гледање или коментирање (без оглед дали на веб-страниците на P&G или на веб-страниците на трета страна), рекламирање, маркетинг, промоција, публицитет, и комерцијални употреби и дополнителни употреби, без да е потребно какво и да е понатамошно известување или плаќање или дозвола од вас (освен каде што е забрането со закон).

Исто така, се согласувате дека се откажувате од сите морални права како што се содржани во вашиот поднесок(ци) за која било од предложените употреби наведени погоре.

Со поднесување на поднесокот, се согласувате да ги ослободите, заштитите и обесштетите во ваше име и во име на вашите наследници, назначени лица и претставници, P&G и секој од неговите службеници, директори и вработени од и против кои било и сите тврдења, тужби, дејства, барања, обврски и штети од каков било вид кои би произлегле од или во врска со користењето на таквиот поднесок, вклучувајќи, без ограничување на сите и кои било тврдења за лажно рекламирање, повреда на авторските права, нарушување на приватноста, повреда на правото на публицитет или на моралните права, и/или клеветење. Без да се ограничува горенаведеното, во ниту еден случај немате право, и се откажувате од правото да налагате, ограничувате или да се мешате во користењето на поднесокот или на вашата лична содржина вградена во таквиот поднесок или експлоатирањето на кои било од правата на P&G како што е наведено погоре.

Разбирате дека P&G се потпира на вашите претставувања, давање права, откажувања и ослободувања во писмена форма за да ви дозволи да поднесете поднесок. Признавате дека не смеете да ги прекинете или поништите давањата права и лиценци и/или ослободувања содржани во овој Договор.

P&G не гарантира дека ќе имате можност да го уредувате или избришете вашиот поднесок. Признавате дека вие, а не P&G, сте одговорни за содржината на кој било поднесок(ци).

Назад на врвот.

Кодекс на однесување

Со пристапувањето или користењето на кој било сајт или која било друга можност дадена преку нашиот сајт, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на тоа, кога поднесувате поднесок до нашиот сајт, се согласувате да се придржувате до следниве стандарди на однесување. Се согласувате дека вие самите нема да се обидете и нема да овластите или да помогнете каков било обид од друго лице за:

• Користење на сајтот спротивно на овие услови;

• Репродуцирање, дуплирање, копирање, продавање, препродавање или користење за кои било комерцијални цели, кој било дел од кој било сајт или користење или пристап до сајтот;

• Вознемирување, заканување, демнење или намерно посрамотување или предизвикување загриженост кај друго лице или субјект;

• Претставување како друго лице или субјект;

• Промовирање, барање или учествување во какви било мултилевел-маркетинг или пирамидални шеми;

• Барање информации кои идентификуваат лице или експлоатирање на кој било поединец помлад од осумнаесет (18) години;

• Вклучување во прекинувачка активност како што е испраќање повеќе пораки во обид да се монополизира форумот или да се објави неповрзана тема со онаа што е назначена на форумот;

• Воведување вируси, црви, тројански коњи, штетен код или каков било софтвер или други материјали кои содржат компонента што е штетна за веб-сајтот;

• Стекнување неовластен пристап до кој било компјутерски систем или нејавен дел од сајтовите или мешање или прекинување на сајтовите, серверите или мрежите поврзани со сајтовите;

• Нарушување на приватноста на кое било лице, вклучувајќи објавување информации со кои може да се идентификува лице или информации кои се на друг начин приватни или чувствителни за лицето без негова согласност или собирање информации со кои може да се идентификува лице за корисниците на сајтовите;

• Вклучување, поттикнување, застапување, давање инструкции или дискутирање со намера да се изврши однесување кое би претставувало кривичен или граѓански прекршок или на друг начин би се нарушил кој било федерален, државен, локален или меѓународен закон или пропис.

P&G не може и не гарантира дека другите корисници го почитуваат или ќе го почитуваат горенаведениот кодекс на однесување или кои било други одредби на овие услови, и како меѓу вас и нас, со ова вие го преземате целиот ризик од штета или повреда кој резултира од таквото непочитување.

Назад на врвот.

Политики на купување на P&G

Веб-сајтовите на P&Gможе да ви понудат можност да купите производи и да управувате со купувањето преку сајтот. Политиките за купување на P&G ( http://www.pgshop.com/pgshop_us-pgshop_us-customer-service-pgshop-terms/pgshop-policy.html ) важат за вашето користење на сајтот за државјаните на 50-те држави на Соединетите Американски Држави и Округот Колумбија за купување производи и управување со купувањето. Со користење на сајтот, се согласувате со политиките за купување на P&G кога е применливо.

Контактирајте нѐ

Ако со овие услови не се опфаќа вашето прашање, или ако сакате да пријавите повреда на нашиот Кодекс на однесување, ве молиме контактирајте нѐ на следниов начин:

Електронска пошта

Посетете ја www.pg.com и кликнете на линкот „Контактирајте нѐ" на дното на страницата.

Назад на врвот.

Авторски права 2001-2016 P&G. Сите права се задржани.