Изјава на P&G за заштита на приватностa

Поле на примена

Оваа Изјава се однесува на информации, вклучувајќи и лични информации, собрани за вас од страна на P&G (компанијата Procter & Gamble и нејзините филијали и подружници)

Информации што се собираат

  • Ние собираме информации за вас од различни извори, вклучувајќи:
    • информации што ги собираме директно од вас.
    • информации што ги собираме за вас при ваша посета на нашиот веб-сајт, користење наши услуги и разгледување наши он-лајн огласи.
    • информации што ги собираме за вас од други извори, како на пример комерцијално расположливи извори.
  • Сите информации собрани за вас може да бидат искомбинирани со цел да ни помогнат да ја осмислиме нашата комуникација со вас, и да создадеме производи и услуги од светски ранг.

Примени Споделување информации

  • Собраните информации ги користиме за да ви ги обезбедиме производите и услугите што ги барате, да ве информираме за други производи и услуги што ги нуди P&G, и да ни помогнат при водењето на нашите веб-сајтови и услуги.
  • Вашите лични информации не ги споделуваме со трети страни (субјекти на пазарот), освен ако јасно не сме побарале и добиле ваша изречна согласност.
  • Вашите лични информации може да ги споделиме:
    • со компаниите кои вршат услуги за нас, вклучувајќи ги оние кои работат во името на P&G и наши деловни партнери, за да ви испраќаат заеднички информации за кои сметаме дека ќе ве интересираат.
    • доколку продадеме некој бренд на P&G на друга компанија.
    • за заштита и одбрана на правото и сопственоста на P&G (вклучувајќи наметнување на наши рокови и услови).
    • кога тоа ќе биде побарано со закон и/или од страна на јавните органи.     

Ваши избори

  • Можете да изберете на кој начин да комуницираме со вас.
  • Можете да престанете да примате промотивни e-mail или писмени материјали по пошта од одреден бренд на P&G или програма со помош на оваа Изјава за приватност. Кликнете овде за да ја изберете вашата земја и видите како да го пополните вашето барање.
  • Ние се трудиме да ги одржуваме точни вашите лични информации. Можете да ги видите, корегирате или ажурирате информациите за контакт што сте ги доставиле до P&G.
  • Кликнете овде за да ја изберете вашата земја и да видите како да добиете пристап и да ги ажурирате информациите што сте ги доставиле до P&G.  

Важни информации

  • P&G е посветен на работата со потрошувачите, во насока на праведно решавање на каква било поплака или грижа во однос на приватноcта.
  • P&G ги почитува националните закони за заштита на податоците.
  • Ние соработуваме со националните власти за заштита на податоците, доколку тие сметаат дека се појавил некој проблем во однос на приватноста.
  • P&G исто така, учествува во Програмата за печат за заштита на приватноста на Советот на САД на Better Business Bureaus’ (BBB) (Биро за подобар бизнис).

Како да стапите во контакт со нас

  • За да нè контактирате со прашање, кликнете овде (за конкретни адреси на земјите)
  • Или пишете ни на:
    P&G Global Privacy Team
    PO Box 599
    Cincinnati, OH 45202
    USA
  • За да ја прочитате целосната верзија на нашата он-лајн Изјава за заштита на приватноста, кликнете овде.
  • За да ја прочитате нашата глобална политика за заштита на приватноста, кликнете овде.
  • кликнете овде за да ги видите одговорите на често поставуваните прашања